Блинкен: Не очекуваме голем напредок во преговорите со Русија оваа недела

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека не очекува голем напредок во американско-руските безбедносни разговори оваа недела, но дека се надева дека се уште има области за кои двете страни би можеле да се договорат.

„Не верувам дека ќе видиме некои големи промени во неделата што следи“, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен.

Блинкен ја предупреди Русија на опасност од „конфликт“ пред почетокот на исклучително тензичните преговори за ситуацијата во Украина, што ќе се одржат во Женева.

„Од една страна, постои дијалог и дипломатија што може да се обиде да реши некои од разликите и да избегне конфликт“, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен.

„А другиот начин е конфликтот и големите последици за Русија, ако таа земја прибегне кон агресија против Украина. Дадена можност да видиме кој шпат е подготвен да го избере претседателот Путин“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close