Блинкeн за Би-Би-Си: Украина може да ја победи Русија

 

Американскиот државен секретар Антони Блинкен за Би-Би-Си кажа дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија.

Тој не можеше да процени колку долго конфликтот би можел да трае, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.

-Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Ако Москва се обиде да ја собори украинската Влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе го одбијат тоа на овој или оној начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што Путин планираше, рече Блинкен.

Државениот секретар вчера изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

-Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да се прекрши неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија за да продолжиме да ја повторуваме во сите делови на светот”, рече Блинкен, пофалувајќи ја Европската унија за забрзувањетоп на акцијата бидејќи во рекордно време воведе најстроги санкции против Русија.

-Тоа пред само една недела изгледаше невозможно, додаде Блинкен

Back to top button
Close