Бојан ми текна

Не се плаши СДСМ толку од ВМРО-ДПМНЕ колку што се исплаши од граѓанките и граѓаните што му помогнаа да дојде на власт

1.Мореее, колку се исплашиле СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од непартиските граѓанки и граѓани, па се ујдисаа да го сменат изборниот законик три месеци пред локалните избори. Каков кукавичлук покажаа. Видоа дека им се најавија независни листи за градоначалници и советници и решија по итна постапка да ги елиминираат. Па го пуштија министерот за правда Бојан Маричиќ да ги брани измените на законот. Тоа е оној Маричиќ што додека не дојде на власт ни раскажуваше невладини гачки за европски вредности, држеше обуки за граѓански иницијативи, продаваше пуфки за демократија и го толкуваше Уставот за суверенитетот на граѓаните. А сега, удобно заштитен од партијата на власт, од позиција на сила се перчи и вика: „Ако независните имаат поддршка ќе најдат 2 проценти од запишаните избирачи во општината“. Оф мори мајко. Да не стои партијата зад него, тој ни пола потпис нема да може да собере.

Се сеќава ли шефот на Маричиќ, Зоран Заев со чии гласови СДСМ успеа да дојде на власт? Со чија поддршка урна режим со пенкало? Се сеќава ли дека одвај дојде на власт, дури и со таа поддршка, на независните? Кој му помагаше да го преживее 27 април 2017 и да го истурка референдумот за промена на името во 2018.
Ништо од тоа немаше да се случи ако останеше Заев само со неговите партиски војници и клиентите од јавната администрација што ја свртеа песната од ВМРО кон СДСМ. Тогаш и тоа како му значеа гласовите на слободоумните.
И што направи Заев сега? Ги продаде независните за коалиција со Христијан Мицкоски.

2.Инаетот е ирационален, ама многу клучен фактор во македонското општество. Памети ли Заев кој беше толку голем инаетчија за во 2015 година да излегува „секој ден во 6“ за да го смени режимот на Груевски? Знае ли колкав беше инаетот на гласачите од Центар на локалните избори во 2013 кои и покрај расипаните лифтови и доселените комшии од Пустец три пати гласаа за Жерновски иако и тој беше никаков кандидат? Па и изборот на Стево Пендаровски за претседател висеше со тесен резултат после првиот круг баш поради гласовите на инаетчиите што решија да ѝ дадат лекција на власта. Така што, можеби независните нема да соберат 2 проценти од избирачкиот список за да се појават на изборните листи. Нивните гласови најверојатно нема да одат во ВМРО-ДПМНЕ, ама сигурно нема да одат ни на сметката на СДСМ. Тоа се луѓе кои во 2016 немаа избор, а го поддржаа СДСМ за да се спасат од Груевски и затоа што СДСМ им нудеше граѓанска опција. Сега веќе плашењата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт не важат. Особено не на локално ниво каде што власта на СДСМ покажа дека ги практикува истите политики што ги критикуваше. Башка, зошто би ги плашеле слободоумните граѓани дека ќе им се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога СДСМ си направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за да им ја замолчи гласноста?


колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close