Бодигард на Мицкоски оставил запалено возило на МВР, 13 часа пред продавница- тврди министерот Спасовски
-Нема да Ве прашам зошто на некои колеги пратеници им се доделува физичко обезбедување, а не му се доделува на лидерот на опизицијата кој секојдневно открива коруптивни скандали. Нема да ги откријам имињата на колегите од пристојност, истакна пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот Спасовски рече дека вакво барање за службено обезбедување било доставено од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа испратено до Агенцијата за национална безбедност да направи проценка дали е потребно физичко обезбедување за да се зачува неговиот интегритет под закани упатени на Фејсбук.
Полициско обезбедување се доделува на лице кое објаснува дека има безбедносен ризик по неговиот живот или да биде определено по претходна проценка за безбедноста на субјектот.