Богојески се огласи откако стана директор: Прифатив поради сериозните задачи што произлегуваат од образовниот сектор

Петар Богојески откако доби директорска функција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми. Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.

Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска. Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите. Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција“, напиша Богојески.

Back to top button
Close