Борозан: Нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол, оставка од Тошковски

Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол. Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка?, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Маја Борозан, Форум на жени на СДСМ.

За трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР.

Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.

МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

 

Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.

ЌМВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.

Првично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.

Проблемот почнува од врвот.

Рацете ви се крвави!

ОСТАВКА!

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close