Борусија Дортмунд без Мукоко до крајот на сезоната

Младиот 16-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко пред време ја заврши актуелната сезона поради повреда на лигаментите на стапалото, соопшти денеска петтопласираната екипа во Бунеслигата.
Мукоко се повреди додека настапуваше за германската репрезентација до 21 година во групната фаза на тековното Европско првенство.
Екипата на Борусија денеска отпатува за Манчестер каде утре од 21 часот го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против домаќинот Сити.
Покрај Мукоко, утрешниот меч во редовите на Борусија ќе го пропушти и Џејдон Санчо, исто така, поради повреда.