Бразил го победи Мексико со гол во 90+6. минута

 Репрезентацијата на Бразил ноќеска го победи Мексико со 3:2 во пријателски натпревар одигран на неутрален терен во Колеџ Стејшн, САД.

Зај Бразилците погодија Андреас Переира, Габриел Мартинели и Ендрик, кој го постигна победничкиот гол во 90+6. минута.

Мексиканците головите ги постигнаа преку Џулијан Кинонес во 73. и Гиљермо Мартинез во 90+2 минута.

Во следниот натпревар Бразил ќе игра против САД на 13 јуни, додека Мексико ќе се сретне со Јамајка на 23 јуни во рамките на Купот на Америка. 

Back to top button
Close