Бразилската фудбалска легенда Силва и Пендаровски го промовираа ФИФА пехарот во Скопје

Силва заедно со претседателот Пендаровски го промовираа трофејот во Скопје, а претседателот настанот го оцени како фудбалска историја и се заблагодари што ние сме меѓу 51-та држава во светот која е дел од оваа промотивна турнеја

Во рамки на глобалната турнеја што ФИФА ја организира во пресрет на Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во ноември и декември годинава во Катар, пехарот за претстојниот Мундијал пристигна во Скопје.

Дел од турнејата е и бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва, кој на промотивниот настан во Скопје „го откри“ трофејот заедно со претседателот Пендаровски.

Пендаровски на настанот упати благодарност до организаторите за можноста и честа Северна Македонија да биде една од земјите домаќини на овој значаен спортски трофеј.

„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фудбалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ“,порача претседателот.

Тој го оцени како фудбалска историја денешниот спортски настан кој се организира во присуство на фудбалската легенда Силва. Пендаровски на подарок од Силва доби и реплика на трофејот.

Турнејата се организира во 51 држава во светот, меѓу кои се и 32-те учесници на Мундијалот.

 

Back to top button
Close