Брегу: Можно е наскоро да се соочиме со хуманитарна и безбедносна криза

„Можно е наскоро да се соочиме со хуманитарна и безбедносна криза, а со оглед на тоа дека прашањата ни се заеднички, заеднички би требало да биде и нашиот одговор“ – изјави денеска генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу, на отворањето на голема конференција посветена на безбедноста во Париз.

„Безбедносните предизвици на Европската унија и на Западен Балкан се потесно се поврзани со оглед на новите глобални закани. Мора да се соочиме со тоа дека се наоѓаме во средиштето на овие предизвици“, додаде Брегу на шестата по ред конференција што ја организира РСС и Министерството за надворешни и европски работи на Франција и Францускиот институт за високи студии за национална одбрана.

Брегу потсети дека според истражувањето Секјуриметар 2021 на Западен Балкан само 37 отсто од граѓаните на регионот се задоволни од безбедносната ситуација во својата земја, додека две третини од испитаниците или повеќе, веруваат дека е важно да се работи на решавање на проблемите и во бобата против тероризмот, насилниот екстремизам, мигрантската криза, тешкиот, организираниот и финансискиот криминал, како и кибернетичката сигурност….Во регионот се појавува и нов предизвик, климатските промени, за што треба да бидеме свесни, додаде Брегу.

На конференцијата се собрани повеќе од 100 експерти од регионот, преставници на институциите и телата на Европската унија, преставници на институциите што го спроведуваат законот и организации на цивилните општество.

Целта на конференцијата е да се подржат напорите за олеснување на соработката и координацијата на Балканот, како и меѓу Балканот и Европската унија. Главните теми на конференцијата ги опфаќаат најургентните безбедносни прашања на Западен Балкан, односно радикализација, незаконска миграција и организиран криминал.

Back to top button
Close