Британците ќе им ги даваат имотите на руските милијардери на бегалците од Украина

Заменик британскиот премиер рече дека Британија „може да го заплени имотот на руските богаташи и да им го даде на украинските бегалци“.

Доминик Рааб го претстави овој чекор со цел да ја одбрани реакцијата на Обединетото Кралство на руската инвазија на Украина, пишува The Guardian.

На прашањето на новинар на радиото ЛБЦ дали Британија би можела да заплени имот во сопственост на руски олигарси како казна за инвазијата на Украина, Рааб одговори дека тоа може да се случи „ако имаме докази и правна основа“.

Потоа беше прашан од новинар дали ќе го поддржи предлогот за користење на запленетиот имот за сместување на украински бегалци, како што предложија либералдемократите, на што Рааб одговори: „Да, апсолутно“.

Британските власти неодамна беа на удар на критиките поради бавното спроведување на санкциите против руските олигарси поврзани со Путин. Претседателката на лабуристите, Анелиз Додс, рече дека Британија мора „да престане да одолговлекува“ со ограничување на ресурсите на внатрешниот круг на Путин.

„Дефинитивно би рекла дека бевме премногу попустливи, особено во последните 10 години, според средствата на олигарсите и деловните луѓе поврзани со Путин“, изјави Додс за Sky News.

Back to top button
Close