Британската амбасада за пречекот на Петровска: Химната се свири само кога се пречекуваат шефови на држави

Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите беше отсвирен и сегмент од македонската народна музика „Јовано, Јованке“, велат од британската амбасада

По реакциите кои ги предизвика вчерашното видео од пречекот на министерката за одбрана Славјанка Петровска при официјалната посета на Лондон, се огласија од британската амбасада во Скопје објаснувајќи го протоколот кој предвидува дека националната химна воениот оркестар ја свири само кога се пречекуваат претседатели на држави.

„Вчера, министерката Петровска беше пречекана со Почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средбата со министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда, на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент ‘Скорпиус’. Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите беше отсвирен и сегмент од македонската народна музика ‘Јовано, Јованке’. Националната химна се свири само кога Почесната гарда пречекува шефови на држави“,

велат од британската амбасада.

Покрај интонирањето на дел од песната „Јовано, Јованке“, при пречекот на Петровска таа беше отпоздравена и на македонски јазик.

 

Back to top button
Close