Британски гимнастичари поднесоа тужба поради физичко малтретирање

Тужба за физичко малтретирање против тренери и вработени во Федерацијата на гимнастички спортови на Велика Британија (БАГА) поднесоа денеска 17 британски гимнастичари, меѓу кои се тројца олимпијци.

– Физичкото злоставување го вршеле тренери и други вработени во БАГА во повеќе клубови ширум Велика Британија, кои меѓусебно биле поврзани со националната федерација, соопштија адвокатите ангажирани за судскиот процес од страна на поранешни британски гимнастичари.

Во тужбата меѓудругото, се наведува дека тренерите користеле непримерна физичка сила, вклучувајќи и физички напади врз гимнастичарите.

Гимнастичарите тврдат дела биле „малтретирани“ и „насилно казнувани“, што кај нив довело до психолошки повреди, вклучувајќи депресија и посттрауматско стресно нарушување.

Во време кога тврдат дека биле физичко злоставувани гимнастичарите биле на возраст од шест до 23 години, а возрасната граница на подносителите на тужбата во моментов е меѓу 15 и 43 години.

Back to top button
Close