Британски регулатор отвори истрага против Х поради загриженост околу Грок


Во Велика Британија е отворена официјална истрага за тоа дали социјалната платформа Х на Илон Маск ги почитувала законите на Обединетото Кралство по извештаите дека нејзиниот четбот со вештачка интелигенција, Грок, креирал и споделувал сексуализирани слики од деца, соопшти регулаторот Ofcom.

Во денешното соопштение, Ofcom наведува дека ќе ја истражи платформата за да утврди дали таа „ги исполнила своите должности да ги заштити луѓето во Обединетото Кралство од содржини што се нелегални“.

Ова доаѓа откако регулаторот оствари „итен контакт“ со Х на 5 јануари, барајќи да објаснат какви чекори ќе преземат за заштита на корисниците во Обединетото Кралство, и постави „строг рок“ до 9 јануари, за кој беше речено дека Х го испочитувал.

Одлуката за почеток на официјална истрага е донесена откако Ofcom ги разгледа достапните докази „по итна постапка“, пренесе ДПА.

– Постојат длабоко загрижувачки извештаи за тоа дека профилот на ВИ четботот Grok на Х се користи за креирање и споделување разголени слики од луѓе што може да претставува злоупотреба на интимни слики или порнографија и сексуализирани слики од деца кои можат да претставуваат материјал за сексуална злоупотреба на деца, соопшти британскиот регулатор.

Back to top button
Close