Британските воени разузнавачи тврдат дека Русија гаѓа населени области во Украина

Британската воена разузнавачка служба денеска соопшти дека руските сили гаѓаат населени области во Украина, но дека силниот отпор го забавува напредокот на Русија, јави ДПА.

„Степенот и силата на украинскиот отпор продолжува да ја изненадува Русија“, соопшти британската воена разузнавачка служба.

Русија „одговори со гаѓање цели во населени места на неколку локации, вклучувајќи ги Харков, Чернихив и Мариупол“.

„Русија употреби слична тактика и во Чеченија во 1999 година и во Сирија во 2016 година, користејќи и воздушна и копнена муниција“, соопшти британската воена разузнавачка служба, пренесе ДПА.

Русија постојано негира дека гаѓа цивилни области.

Back to top button
Close