Брнабиќ: Нека им биде јасно, ќе ги урнеме сите дронови

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ кажа дека сите беспилотни летала кои влегуваат во нивна територија ќе бидат урнати.

„Беспилотните летала ги снимаа позициите на нашата војска и нашите две касарни. Доколку се повторат вакви работи, ќе го урнеме секој дрон, исто како што би направиле секоја друга држава“, вели Брнабиќ.

Брнабиќ не сакаше да даде повеќе информации чиј бил дронот кој бил соборен.

Back to top button
Close