Брнз: Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес
– Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изразува задоволство од учеството на граѓаните во изборниот процес за денешените предвремени парламентарни избори.
-Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од Амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидам таму заедно со нив, напиша на нејзиниот официјален Твитер профил амбасадорката Брнз.
Амбасадата на САД ги набљудува изборите со 41 акредитиран набљудувач.