Брод со 6.000 тони пченица од Украина плови за Албанија
Брод со 6.000 тони пченица од Украина плови за Албанија. Бродот „Јаохар Раним“ се очекува да пристигне во Драч на 10 август. Се транспортира пченица за компанија за брашно во Тирана.
Бродот бил натоварен на 28 јули во Измаил, најголемото украинско пристаниште, во Одеската област. Во моментов „Јаохар Раним“ се наоѓа во грчките води на Јонско Море.
Албанија дури 30 отсто од потребите за пченица ги обезбедува од Украина.