Бромел истрча најбрзо време сезонава на 100 метри

Американскиот спринтер Трејвон Бромел постигна најдобар резултат годинава на 100 метри, истрчувајќи ја патеката на митингот во кениската престолнина Најроби со време од 9.76 стотинки.

Бромел сега е шести најбрз атлетичар во светот на сите времиња.

Американскиот атлетичар важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио, но не успеа да се пласира во финалната трка истрчувајќи 100 метри за време од 10 секунди.

Второто место на митингот во Најроби го освои Кениецот Фердинанд Оманјала со време на нов африкански рекорд од 9.77 секунди.

Back to top button
Close