Бујар Османи се обрати на форумот во Австрија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан“ во процесот на проширување на ЕУ, што се одржа во Виена и Вахау, на покана на министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Османи се обрати на двете работни сесии „Поплочување на патот за пристап на Западен Балкан во ЕУ преку постепена интеграција“, и „Проширување на ЕУ со Западен Балкан: Време е да се оствари!“.

Треба да промовираме нон-пејпер за квалификувано мнозинство за европеизација. За членство можеме да ја задржиме едногласноста засега, бидејќи тоа носи одредена доверба во Европската Унија, но отворањето на поглавјата, привремените одредници треба да бидат предмет на квалификувано мнозинство“, истакна Османи.

Министерот ја елараборираше неопходноста од постепена интеграција:

„Мислам дека изворот на фрустрација е процесот што е бинарен: нула или се, се или ништо. Не добивате ништо додека не станете земја-членка, а добивате сè откако ќе станете земја-членка. Ова ги фрустрира земјите-членки. Ова не фрустрира нас. Треба да направиме промена на парадигмата, од моментот на членството, кон самиот процес, па да почнеме да се интегрираме во процесот на патот кон членството, во три траектории: единствен пазар, политички форуми и кохезивни и структурни фондови“.

Токму квалификуваното мнозинство се најде помеѓу реформските идеи со цел олеснување на проширувањето кои во март ги објави Европската Комисија. Во тој документ на Комисијата се предлага да се укине едногласноста за отворање поглавјата, од што најмногу се засегнати и Македонија и Албанија, но да се задржи едногласноста за затворањето на поглавјата и за конечната одлука за пристап на нова членка во Европската унија, со што ќе се намалат можностите за вето.

Back to top button
Close