Бугарија и Србија подготвиле медицински тимови, нудат помош за настраданите од пожарот во Кочани
Во состојба на готовност за транспорт на пациенти се воздухопловните сили на Бугарија, соопшти бугарскиот премиер. Претседателот Румен Радев понудил помош во разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова
На Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград ги известиле македонските власти дека се подготвени да примат пациенти
Пожарот во дискотеката во градот Кочани е огромна човечка трагедија, упатувам сочуство на најблиските на починатите и посакувам закрепнување на повредените, изјави денеска бугарскиот премиер Росен Желјазков, пренесе на својот Фејсбук профил бугарскиот министерски совет.
Во постот на социјалните мрежи, бугарскиот премиер вели дека се подготвени веднаш да помогнат на настраданите.
„Бугарија веќе предложи помош во форма на лекувае на настраданите од пожарот. Наредив целосна подготвеност за прием во клиничките установи во градовите Софија и Варна. Бугарските воздухопловни сили се во состојба на готовноста за транспорт на оние на кои им е потребно лекување“изјави Росен Желјазков, премир на Бугарија.
Дека помош понудила Бугарија, но и Србија, пред малку соопшти и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

„Се јавија од Воено-медицинската академија, спремни се и да ги носат луѓето таму доколку има потреба. Лекарите велат дека денеска требало да се почека. Господинот Радев прв се јави, имаат специјална клиника за изгореници, специјална возила, крв, имаат се… Само чекаат да ги земат, таму да ги однесеме“,изјави претседателката Гордана Силјановска-Давкова.