Бугаринот Николај Младенов ќе ги предводи новите власти во Газа?
Бугарскиот дипломат Николај Младенов ќе го предводи раководството во Газа, според пишувањето на „Фајненшел тајмс“.

Како дел од повоената структура на управување за Газа, ќе се создаде извршен комитет, кој ќе го предводи поранешниот претставник на ОН за Блискиот Исток и поранешен бугарски министер за надворешни работи Николај Младенов, тврдат извори запознаени со подготовките, пренесе Независен.
Весникот потсетува дека Младенов честопати дејствувал како посредник меѓу Израел и Хамас.
Тони Блер е исфрлен од опциите за водење на комитетот по приговорите од арапските и муслиманските земји, тврдат изворите на „Фајненшел тајмс“.
…






