Бугарски дипломатски триптих

Преплашени од ковид читатели. Пред десетина години во еден наш дневен весник со преамбициозно, име на француски преведено “Presse libre” напишав дека неаргументирано се радуваме на секоја измена на председавателство со ЕУ, дека е тоа историска шанса, да ги започнеме преговорите со ЕУ и така петнаесет години, па и оваа. Тогаш напишав дека Бугарија, има последна шанса да го блокира приемот на тогаш РМ во ЕУ последен пат, по потпишувањето на Европскиот договор. Нашиве приучени дипломати, на кои толку е поносен бившиот МНР, а сега вицепремиер за ЕУ, Димитров, ова не го сфатија, ама бугарските си думаа, зошто на крајот на процесот кога можеме да ги сопреме на почетокот. И така бидна. Прво се потпиша невнимателен Договор за пријателство со Бугарија, кој една година се славеше како голем успех на новата владина гарнитура, а потоа дојде историскиот Преспански Договор, како нова инспирација на бугарската дипломатија, откако го проучија Договорот од Преспа. Тука ќе запрам бидејќи многу аналитичари иступија пера пишувајќи на оваа тема, а дури и влијателниот Амбасадорски совет (на кого му текна за ова проодолжено деградирање на професијата) дава совети, за нешто што самите не го направиле, бидејќи не знаеле. Сега даваат акл. Наместо тоа продолжувам со триптихот.
Некаде во пролет 1978 со последното патување кон Инстанбул на легендарниот Симплон Ориент Експрес, во вагонот за Софија бев и јас. Носев дипломатска пошта во амабасада на СФРЈ во Софија која требаше да се преададе на високо ниво во бугарското МНР. Темата на протесната нота беа објавените мемоари на легендарната Цола Драгојчева, поради содржината на последната книга чија што содржина не се разликува од Декларацијата што бугарскиот парламент ја усавои лани, а се однсесува на бугарските услови за деблокирање за прием на сега СРМ во ЕУ. Утредента, со амбасадорот бевме во Кабинетот на домаќинот, кој само стана од својота огромна маса, на која светеше задолжителна столна лампа со зелен абажур и издекламира, дека му е познат поводот за нашето доааѓање, дека не мора протесната нота да ја чита, чија што содржина му е позната, поентирајќи дека протесната нота ќе биде проследена таму каде што треба и дека следува одговорот. Не не покани да седнеме, што значеше дека нема намера ниту да разговара на таа тема. Ништо друго не ни остана, туку само да ја затвориме вратата.
А сега сме во Виена во третиот бецирк на улица Ренгвег 3 од каде по Метерних започнува Балкан , не Западен, во Амбасадата на Југославија, пред распаѓање. Значи 1991. На бугарско барање, ја примив бугарската дипломатка на разговор во мојот кабинет, инаку порано будоар на љубовницата на композиторот Г. Малер во која беше сместена југословенската амбасада (сега е хрватска амбасада). Беше хубава Блгарка. Рече дека ќе си зборуваме таа на бугарски и јас на македонски, затоа што е ист јазик и се разбираме, и нагласи дека сме ист народ демек и баба и е од Охрид. На мое прашање што е целта на посетата, бугарската дипломатка наведе дека ја следат ситуација во Југославија, ги интересира како ќе се заврши работата, со мирно распаѓање или војна. Без никаква моја провокација додаде дека не треба да мислиме дека Бугарија има територијални претензии спрема РМ. Напротив, таа испивајки го Џек да тој Даниелс, наведе дека Бугарија не ја интересира сиромашна Македонија, туку богат Запад и членство во ЕУ. Во тој момент Југославија беше пред членство во ЕФТА (ни одобрија 100 мил долари за реконструктуирање на стопанството, се пушти тунелот Караванки). Мојот одговор од познати причини не можам да ви го соопштам, а она што можам е дека со лустрацијата на бугарските дипломати, името на младата соговорничка беше истакнато.
А сега Варшава на почетокот на новиот Милениум. Со тогашниот бугарски амбасадор, сега многу актуелен А. Јораднов имавме чести контакти. Тој беше и прв претседател на бугарското Собрание по падот на комунизмот. Не беше дипломат. Неговите тогашни тези за потеклото на македонскиот народ и неговиот јазик се исти како и сегашниве, кој тој јавно ги кажува како ЕУ парламентарец. Му кажав дека РМ сега како Бугарија своевремено има за цел членство во ЕУ, а дека историчарите треба да го решаават тој проблем. Посебно беше упорен на темата корените на нашето македонско потекло. Некаде во 2001 ме извести дека го преместуваат од Варшава за Скопје на место амбасадор. Бидејки зборуваше од странски јазици, само полски, прашуваше дали ќе има проблеми во дипломатскиот кор. Го уверував дека мнозинството дипломати, а посебно оние од влијателните држави зборуваат македонски. Го послуша и мојот совет да биде внимателен со изјавите пред новинарите во врска со неговите тези за македонскиот јазик и потеклото на Македонците. Се разбира дека за моите разговори на соодветен начин беа известени и нашиве. После Скопје, амбасадорот ја батали дипломатијата, зада и се врати како ЕУ пратеник. Ставовите за македонските работи му се идентични. На приемите на 24 мај по повод денот на словенските просветители Кирил и Методиј, во неговиот говор меко се чувствуваше тенденцијата да кај присутните се стори печаток дека всушност браќата имаат бугарски корени. Тоа денес и се актуализира со амандаманот на бугарскот ВМРО, денот 24 мај да се преиминува на “Денот бугарската култура и писменост”. Додека бугарската дипломатија си ја тераше својата агенда, нашиве приучени дипломати дремеа. Еден се фалеше дека го пронашол гробот на Димитрија Чуповски во Петeрсбург. Дипломат и арехеолог истовремено. Сететите се само који наши дипломати беа инволвирани во процесот на признавање и прием на РМ во ООН, која експертска наша екипа ги водеше завршните процеси за Преспа Договорот и који мудраци го прифатија текстот на Декларацијата како конечен текст на Договорот за соработка со Бугарија.
Бугарија настапува неевропски. Доколку е принципијелна нивната политика спрема нас, зошто тоа исто не бараат од Србија. Во центарот на Софија, карши хотелот Мериот е црквата “Света недела” во која се упокоени три српски кралеви. Значи ли тоа дека со Србите имаат заедничка историја. Притоа само во 20 век Србија и Бугарија на спротивна старна беа во две балкански (посебно втората со ист мотив – Македонија) и една светска војна.Тоа е точно. Но дали се толку наивни Бугарите да немаат поддршка од поголемите сили, не само на оние држави во ЕУ и НАТО. Бугарија има подобри односи со Германија и Франција, а и односите со Грција им се во подем. Зад бугарската дипломатија стои БАН. Бугарските институции темелно се занимаваат со македонското прашање. Нашите го баталуваат. Се определивме за гушкачка дипломатија. Нашиот поранешен МНР се гушкаше со Шеќерова, како да заедно на Универзитетот во Болоња( основан 1088) студирале политички науки, место каде што се обучуваат идните дипломати. Нашиот пак премиер се гушкаше со робусниот поранешен безбедњак, како да се братуџеди и како секој ден да мезат “снежанка” и пијат “мастика”. Сега Захариева, Борисов и рускиот пилот Радев ни ги отворија очите. Една недела пред состанокот во Софија во процесот инициран токму од влијателната германска канцеларка А. Меркел, Комитет на постојаните представители , овој пат на ниво на шефовите на мисиите, односно амбасадорите го акцептира бугарското барање. Ткн. Корепер дискутира и за политчките прашања меѓу државите членки на ЕУ,а неговото мислење е најчесто прифатлива одлука за Министерскиот совет. Зато е многу важно каква администрација, односно дипломатија имаме во Брисел. Не случајно скратеката Корепер е превод од францускиот назив на ова тело. Тоа беше шок за владателите. Освестување дека ЕУ како ниту “Москва не верува на солзите” (познат руски филм од 1980 филм).
Нашиве се во конфузија. Се определија гандијевски да се бранат со вистината. Тактика однапред осудена на пропасат. Ние не сакаме да ги налутиме Бугарите. Сакаме со кротко да ги фатиме. Сметаат дека времето е на наша страна, што е погрешно, како и во случајот на разговорите со Грците за името. Без влијателна дипломатија нема успех. Зошто еднаш не ја научиме лекцијата. Почетокот на преговорите со ЕУ е во оваа фаза чисто политички, детерминирано, терен на кој није сме најнеeфикасни и неуки. Посебно е конфузна дипломатијата. Кога нашиот поранешен МНР изјавува дека тие имат постојани контакти со МНР на Бугарија, никако да открије која тоа наша екипа (освен комисијата) учествува во тој процес. Дека сме во хаос потврдува и новата листа на амбасадори кои ги испраќаме на гурбет во странство. Нивниот домет е мал. Во процесот на парирање на бугарските ставови ние задоцнивме. Меѓународната заедница на почетокот на спорот тврдеа дека грчката позиција е апсурдна за да подоцна го променат мислењето во полза на Грција. Да не биде така и со Бугарија. Епа ако е така што да правиме?. Да ја окривуваме опозицијата. Па и она е виновна. Беа на власт 12 години. Да ја обвиниме Бугарија не бива. Со задоволуваме нивната позиција да ја наречеме дека не личи на пријателска. Да го обвиниме Брисел и да го плашиме дека ако останеме вон ЕУ се зголемува опсаноста на Западниот Балкан. И тоа не го бива. Излитена работа. Па нели сме во НАТО, партнери на најмоќниот воен сојуз. Кого да обвиниме. Никого. Вината е до нас. До нашиот волунтаризам, непрофесионалност, недржавничко однесување, непочитување на националниот понос, етничките калкулации, неисполнување на европските стандарди, неконзистентата надворешна политика со јасни цели и црвени линии. Пред некој ден поранешниот МНР Димитров на една наша телевизија изјави дека тој се залага за влез во ЕУ, затоа што го импресионира Португал, со својата демократија и економски дострели. Асоцијација со Португал е двострука грешка. Португал ќе председава со ЕУ, идната година (шест месеци) дали е тоа сигнал дека и оваа година дипломатски е изгубена. Ах, тој ковид. Оневозможи гушкање и шансата пропадна. Ова ми личи на еден Сигмунд, од вториот виенски бецирк, попознат како Фројд. Споредување односно инспирација е во споредување со побогатите и пореспектабилните држави. Португал може да не импресионира само со фудбал и Португалки. Би било корисно на новиот вице-премиер да го прочита малку Црњански и неговите патописи од Португал.
Ѓорѓи Мисајловски






