„Бугарски воз“ во Србија, клоци и тупаници за опозициски лидер

Лидерот на српската опозициска партија Движење на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, денеска беше нападнат во Земун .

Видео од нападот објави Нова.рс, на кое се гледа како неколкумина го напаѓаат Грбовиќ и го удираат со тупаници и клоци, додека присуните се обидуваат да го оттргнат, а во нападот е повредена на девојката на Грбовиќ.

Инцидентот се случил во близина на локалниот одбор на Српската напредна партија во Земун, каде Грбовиќ забележал дека членови на СНС користат паралелни избирачки списоци, по што им рекол дека тоа е противзаконски, а десетина од нив го нападнале.

Во меѓувреме, српските медиуми објавија информација за уште еден физички напад, овојпат врз Милош Вучковиќ, кандидат за советник на опозициската коалиција „Мораме“, кој бил нападнат пред избирачкото место, кога се обидел да спречи паралелни списоци од активисти на Српската напредна партија.

Инаку, наблудувачка мисија „Црта“ јавува за бројни неправилности на изборите во Србија. „Црта“ поднесе пријави во полиција кои се однесуваат на купување на гласови или на т.н. феномен „бугарски воз“.

„Она што го забележуваме е значаен раст на неправилности, поединечни неправилности, спорадични неправилности на дури 12 отсто од избирачките места ширум Србија, соопштија од таму.

Back to top button
Close