Бугарскиот патријарх Неофит примен во болница во Софија

– Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, е пренесен во сериозна состојба на Невролошкото одделение на софиската болница Токуда, објавија денеска голем број бугарски медиуми.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, тој бил однесен во болницата на 15 јуни во вечерните часови, но веста дури денеска ја соопштија вработени од софиската митрополија.

Патријархот Неофит бил пренесен во болница од високи духовници на Бугарската црква, на кои им била доверена грижата за неговото здравје. Според написите во бугарските медиуми, тие се обиделе влошувањето на здравјето на патријархот да го зачуваат во тајност.

Неговата состојба сега е стабилизирана, но никој не е подготвен да дава било каква  прогноза за здравјето на Неофит.

Како што потсетува дописнкиот на МИА од Софија, бугарскиот патријарх беше во болница и во текот на април, поради што не беше во можност да присуствува на првата седница на 45-то Национално собрание по парламентарните избори на 4 април.

Back to top button
Close