Бусади: На индиректните преговори помеѓу САД и Иран постигнат е значителен напредок


На индиректните преговори помеѓу САД и Иран постигнат е значителен напредок, изјави шефот на оманската дипломатија Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди по завршувањето на разговорите во Женева.

Тој најави дека наскоро ќе има нова рунда преговори, по консултациите во Вашингтон и во Техеран.

Бусаиди посочи и дека следната недела во Виена, каде е седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе се одржат разговори на техничко ниво.

Денешните преговори за иранската нуклеарна програма во Амбасадата на Оман во Женева траеја околу три часа.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи претходно изјави дека денеска „беа презентирани важни и практично применливи предлози за нуклеарните прашања и укинувањето на санкциите“.

Back to top button
Close