Царовска: Најважно ни е работниците и работодавачите да ги почитуваат протоколите

Вицепремиерот за економски прашања Мила Царовска денеска одржа редовен координативен состанок, на кој присуствуваше дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставници од граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, претседателот на ССМ Дарко Димовски, како и претседателката на Инспекцискиот совет и директорите на неколку инспекторати.

Царовска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и поддршка на работодавачите. Ги повика граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работничките права, а инспекторатите да постапуваат по преставките кои стигнуваат до нив од работниците и граѓаните.

– На состанокот, преку апликацијата „Zoom“, се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Мила Царовска. /

Back to top button
Close