Центарот на Портланд, Нуркиќ ја скрши раката на мечот со Индијана

Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ се здоби со скршеница на десната рака на натпреварот против Индијана (87:111), објави прес-службата на Трејл Блејзерс.

Во третата четвртина, Босанецот по еден дуел со противничкиот играч Мајлс Тарнер, падна на паркетот и ја повреди раката.

Дваесет и шестгодишниот кошаркар го напушти теренот и не беше во можност да ја заврши играта.

Во НБА сезоната 2020/21, Нуркиќ има просек од 10,3 поени, 7,6 скока и 2,8 асистенции по натпревар.

Back to top button
Close