CentCom: Американската армија со над 10.000 војници и десетина бродови ја блокира Ормуската Теснина

Повеќе од 10.000 американски морнари, војници и пилоти, со десетина воени бродови и десетици авиони, извршуваат мисија за блокирање на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа во Заливот, објави вечерва Централната команда на американската армија (CentCom) на социјалната мрежа Икс.

„Во првите 24 часа, ниту еден брод не ја прекршил блокадата на САД, а шест трговски бродови ги исполниле упатствата на американските сили со враќање назад во иранското пристаниште во Оманскиот Залив“, соопшти CentCom.

Најмалку два брода од Иран вчера поминаа низ Ормуската Теснина во и покрај блокадата, наведува компанијата за поморски податоци Kpler.

„Блокадата се применува непристрасно против бродови од сите нации, што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив“, додаде американската војска

Back to top button
Close