ЦЕНТКОМ: САД завршија со серијата воздушни напади врз иранскиот остров Голем Тунб


Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) денеска објави дека САД ја завршија серијата воздушни напади врз иранскиот остров Голем Тунб, насочени кон крајбрежните одбранбени системи, како и магацини и места за лансирање крстосувачки ракети.

Според соопштението објавено на Икс, нападите, кои траеле околу 90 минути, имале за цел дополнително да ја ослабат способноста на Иран да напаѓа комерцијални бродови во Ормуската Теснина.

ЦЕНТКОМ соопшти дека била употребена прецизно наведувана муниција против крајбрежните одбранбени системи, магацини и места за лансирање крстосувачки ракети на островот Голем Тунб, дополнително намалувајќи ја способноста на Иран да го загрози комерцијалниот поморски сообраќај низ Ормуската Теснина.

Иранските воени структури претходно денеска соопштија дека ќе продолжат со одмаздничките операции против американските сили и го повторија ставот дека Ормуската Теснина ќе остане затворена „до крајот на американските зли дела“.

Ормуската Теснина, еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на нафта, е во центарот на зголемените тензии меѓу Вашингтон и Техеран околу слободата на навигација низ овој премин.

Back to top button
Close