Чеферин: Без Меси, Аргентина немаше ниту да стигне до четвртфиналето на СП 2022
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин зборуваше за настапот на репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во 2022 година и нејзиниот напаѓач Лионел Меси.
– Без Меси, Аргентина немаше да стигне до четвртфиналето на Светското првенство. Кога не знаете што да правите на теренот, треба да му ја дадете топката на Меси. Бев сигурен дека се е решено во фантастично финале, дека пехарот веќе му припаѓа на Меси. И на крајот беше сосема заслужено, Аргентина беше подобра од Франција, изјави Чеферин за „ESPN“.
Во Катар, Меси одигра седум натпревари за репрезентацијата на Аргентина, постигна седум гола и три асистенции. Како дел од репрезентацијата го освои Светското првенство во 2022 година, победувајќи ја Франција во финалето (3:3, 4:2 по пенали).
Тиресет и петгодишниот Аргентинец беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот