Чеферин: Фудбалерите кои би играле во затворената Супер лига ќе имаат забрана за СП и ЕП

Чеферин постави краен рок за крајот на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа - МИА

Забрана за настап за своите репрезентации на светските и европските првенства ќе добијат фудбалерите кои евентуално би биле дел од најавената Супер лига од затворен тип, чие формирање синоќа го објавија 12 моќни европски клубови.

Ова попладнево го најави претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин, по состанокот на Извршниот одбор на УЕФА.

УЕФА денеска официјално донесе одлука за реформи во Лигата на шампиони од 2024 година, проширувајќи го елитното клупско натпреварување од сегашните 32 на 36 екипи.

Одлуката, меѓутоа, остана во сенка на формирањето Супер лига на богатите европски екипи.

-УЕФА дистрибуира близу 90 отсо од сите приходи во фудбалската заедница. За нас, фудбалот не е само прашање на пари, како што тоа е за Супер лигата. Тоа е интерес на десетина „валкани“ луѓе. За нив не постои фудбалот, туку само парите. Оваа идеја е шлаканица за сите кои го сакаат фудбалот. Нема да им дозволиме да го уништат нашиот спорт, порача Чеферин.

Back to top button
Close