Челзи, Манчестер сити и Реал Мадрид пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Висок претставник на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ја исклучи можноста Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи, три од 12-те клубови кои застанаа зад новата Супер лига, да бидат исфрлени од полуфиналето во тековната сезона во Лигата на шампиони, најавувајќи оти одлуката ќе биде донесена в петок.

-Клубовите мораат да заминат, а очекувам тоа да се случи в петок, изјави попладнево членот на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Фудбалската федерација на Данска Јеспер Молер.

-За петок е закажан вонреден состанок на Извршниот комитет, а тогаш мораме да одлучиме како ќе заврши сезоната, додаде Молер во изјава за Данската радио-телевизија (ДР).

Во полуфиналето на Лигата на шампиони треба да играат ПСЖ-Манчестер сити и Реал Мадрид – Челзи.

Првите натпревари се закажани за 27 и 28 април, додека реваншите се на програмната на 4 и 5 мај.

Финалето треба да се игра на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close