Чернобил остана без струја, радиоактивни честички може да завршат во воздухот

Руските сили ја исклучија нуклеарната централа Чернобил од националната електрична мрежа, соопшти украинската државна енергетска компанија Укренерго.

Нуклеарната централа Чернобил, која минатата недела беше заземена од руските сили, сега е без струја.

„Поради воените активности на руските окупатори, нуклеарната централа Чернобил е целосно исклучена од електричната мрежа. Нуклеарната централа е без струја. Во тек се воени акции и поради нив нема можност да се врати снабдувањето со електрична енергија“ соопшти Укренерг.

Бидејќи Чернобил остана без струја, ова може да го спречи ладењето на потрошеното нуклеарно гориво и затоа постои ризик радиоактивните честички да завршат во воздухот, објави Укренерго.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека украинските власти не ги знаат нивоата на радијација околу нуклеарната централа Чернобил бидејќи немаат информации што се случува таму откако нуклеарната централа беше окупирана од руските сили.

Да потсетиме, нуклеарната централа во Чернобил беше сцена на најголемата цивилна нуклеарна катастрофа во 1986 година.

Минатата недела руските сили ја освоија и нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа. Таму има околу 400 руски војници, изјави украинскиот министер Халушенко.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи изјави дека Запорожје „функционира нормално“.

Back to top button
Close