Чесите бараат од партнерите во ЕУ и НАТО да ги протераат руските дипломати

Чешка ги повикува партнерите од ЕУ и НАТО да ги протераат руските дипломати во знак на солидарност со Прага во нејзиниот дипломатски спор со Москва, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи и внатрешни работи Јан Хамачек.

Тој нагласи дека рускиот амбасадор ќе биде повикан утре за да биде информиран за натамошните чекори по протерувањето на 18 руски дипломати за кои Прага верува дека се од разузнавачките служби.

Како одговор, Москва прогласи 20 чешки државјани за „персона нон грата“.

Back to top button
Close