Четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – почнува членувањето во СЕПА
Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги регистрира првите четири македонски банки – три големи и една средна – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор го означува официјалниот почеток на членството на Северна Македонија во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).
