Четири возила во тешка сообраќајка кај Колари – една жена со тешки повреди пренесена во Скопје
На 30 мај 2025 година, околу 16:10 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила:
„Фолксваген Артеон“ со скопски таблички, управуван од А.Р. (38) од Скопје
„Фолксваген Голф“ со кичевски таблички, управуван од Б.Т. (22) од Кичево
„Митсубиши“ со скопски таблички, управуван од В.А. (61) од Скопје
„Сеат“ со охридски таблички, управуван од Д.Ѓ. (56) од Македонски Брод
„Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачите на „Сеат“ и „Митсубиши“, како и Р.И. (20) од Кичево, сопатник во „Голфот“. Најтешко повредена е С.Ѓ. (55) од Македонски Брод, сопатничка во возилото „Сеат“, која е префрлена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди“, велат од МВР.
На местото на несреќата извршен е увид од полициски екипи. Се работи на утврдување на причините за несреќата.