Четиринаесет загинати под свлечиште во каменолом во Индонезија, 11 се водат за исчезнати

Бројот на жртви од лизгање на земјиштето во каменолом за варовник во индонезиската покраина Западна Јава денеска се зголеми на 14, додека екипите за итни случаи продолжија да бараат уште најмалку 11 работници кои се уште се водат како исчезнати под урнатините, соопшти полицијата.

Свлечиштето се случи вчераутро во каменолом во областа Чиребон, на околу 200 километри источно од Џакарта.

Рударницата Гунунг Куда беше активна кога дел од ридот се урна, закопувајќи тешка механизација, камиони и десетици работници.

-Единаесет лица се уште се водат заисчезнати, а беа пријавени од нивните семејства и колеги, кои потврдија дека работеле на локацијата кога се случил инцидентот, изјави Деди Сетијаван, началник на полицијата во Западна Јава.

„Нивното лоцирање останува врвен приоритет за нашите екипи за пребарување и спасување, додаде тој.“

Операциите синоќа на зајдисонце беа привремено прекинати и продолжија рано утринава.

Во заедничките спасувачки напори учествуваат персонал од националната Агенција за пребарување и спасување, полицијата, војската, локалните службеници за катастрофи и волонтери.

Се верува дека најмалку три багери и шест камиони се закопани под свлечиштето, што го отежнува пристапот до подлабоките слоеви на урнатините.

фото:Скриншот ФБ

Back to top button
Close