Четворица осомничени за тешки кражби од објект на Македонски железници – одземале машини и предмети во вредност од 1.239.000 денари
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14.04 двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.