Четврти руски генерал убиен од украинските сили
Украинските власти велат дека убиле и четврти руски генерал, што покажува дека командантите на Москва се повеќе се принудени да водат од фронтот, јави Би-Би-Си.
Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Киев, на Телеграм тврди дека украинските сили го убиле рускиот генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби на периферијата на југоисточниот град Мариупол.
Герашченко напиша дека Митјаев бил командант на 150-тата дивизија и објави фотографија од, како што го нарече, загинатиот офицер.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ја објави смртта на уште еден руски генерал за време на неговото вечерно обраќање од Киев, но не го именуваше.
Се верува дека Русија има околу 20 генерал-мајори во Украина кои ја предводат инвазијата.