Членките на ЕУ денеска ќе се обидат да го усвојат шестиот пакет санкции

Амбасадорите на ЕУ денеска повторно ќе се сретнат, откако не успеаја конечно да дадат зелено светло за шестиот пакет санкции договорен од лидерите на ЕУ-27 на дводневниот самит во Брисел на почетокот на неделава.

На вчерашната средба во Брисел, Унгарија пред амбасадорите на земјите-членки постави ново барање кое се однесува на изземање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, од списокот на лица санкционирани поради руската инвазија на Украина.

Шестиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација вклучува делумно ембарго за извоз на руска нафта во ЕУ, од кое Унгарија беше изземена, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од брзиот трансакциски систем и забрана за три руски медиумите во ЕУ.

Back to top button
Close