Членот на Судскиот совет Милазим Мустафа нема да поднесе оставка од оваа функција и покрај епилогот од интерпелацијата против него
Членот на Судскиот совет Милазим Мустафа нема да поднесе оставка од оваа функција и покрај епилогот од интерпелацијата што против него и уште четворица членови на Советот ја поднесе парламентарното мнозинство. Мустафа во интервју за Алсат вели дека иницијативата е мешање на извршната власт во судството. Тој бара пратениците да ја повлечат иницијатива, пренесува Алсат.мк
Сметам дека врз основа на аргументите што ги изнесовме во нашиот одговор до Собранието, членовите кои ја покренаа оваа иницијатива кај нив и нивните партии треба да надвладеат совеста и чувството за институционална одговорност што го имаат и да ја повлечат ваквата иницијатива за да може судската власт да ги извршува своите должности предвидени со законите и актите донесени во државата”, рече Милазим Мустафа, член на Судскиот совет.
Мустафа рече дека обвинувањата наведени во интерпелацијата се паушални и неосновани. Тој рече дека обвинувањата дури не се индивидуализирани.
„Хипотетички го поставувам прашањето, иако тоа автоматски не значи разрешување, ако се изгласа интерпелацијата ќе си поднесете оставка?
„Имам мандат до почетокот на јули и додека Судскиот совет предвреме не го утврди крајот на мојот мандат, немам намера да го прекинам мандатот без да направам повреда или за туѓа желба„, додаде тој.
Покрај Мустафа, со интерпелацијата се опфатени и Тања Чочаровска Илиевска, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева, односно членовите изграни од Собранието. Откако членовите веќе ги доставија одговорите на интерпелациите, сега Собранието ќе треба да закаже седница за нивно гласање, која се очекува да се одржи следната недела. Но, и пратениците да им изгласаат недоверба, на крајот самите членови ќе одлучат дали ќе се повлечат од Советот или не.