Чоколадото Милка прогласено за измама на годината
Хамбуршкиот центар за потрошувачи го прогласи млечното чоколадо на Милка за „Измама со пакувањето за 2025 година“, за што гласале дури 66,7 проценти, или две третини од гласачите.

Милка ја освои таа „награда“ затоа што пакувањето е намалено од 100 на 90 грама, дебелината на чоколадото е намалена за еден милиметар, а цената на чоколадото се зголемила за 48 проценти, односно од 1,49 на 1,99 евра, објави Билд.
Центарот за потрошувачи ја спроведува оваа анкета веќе 12 години, но вели дека никогаш порано некој производ не победил со толку голема разлика.
Армин Валет од Агенцијата за заштита на потрошувачите во Хамбург изјави дека многу луѓе го сметаат „суптилното“ намалување на количината на чоколадото Милка за очигледна измама и дека резултатот од гласањето е јасна и недвосмислена порака.
Затоа, Агенцијата поднесе тужба против компанијата во регионалниот суд во Бремен.
Минатата година, Центарот за потрошувачи во Хамбург регистрираше вкупно 77 нови случаи на лажно пакување, каде што скриеното зголемување на цената изнесуваше просечно 28,4 проценти.
Во гласањето учествуваа околу 35.000 луѓе. Зад Милка се мешавина за печење на Др. Еткер. Колнов чоколадно-овесен мусли ХХЛ, Џејкобс 3 во 1 Класик стапчиња за кафе и Кнор – Penne Pomodoro Mocarela.






