Човечки коски најдени во шахта во Илинден

Коски за кои се смета дека се човечки се пронајдени вчера во шахта во населбата Илинден кај Скопје, соопшти МВР.

„На 13.03.2025 во 10:43 часот во Полициското одделение Петровец, било пријавено дека при ископ на дупка за шахта во двор од амбулантата во населбата Илинден во близина на Скопје, која во моментот се реновира, биле пронајдени коски слични на човечки коски.

Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полициското соопштение

Back to top button
Close