Чувај си го лицемерието за себе-Украина му одговори на Путин за божиќното примирје
Украинската страна ја нарече лицемерна наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот за време на Бадник и Божиќ.
Советникот на претседателот Володомир Зеленски, Михаило Подољак, порача дека примирје ќе има само тогаш кога руските сили ќе ги напуштат окупираните територии
.Прво. Украина не напаѓа туѓа територија и не убива цивили како што прави Руската Федерација. Украина на своја територија уништува само припадници на окупаторската војска. Второ. Руската Федерација мора да ги напушти окупираните територии. Само тогаш ќе има ’привремено примирје‘. Чувајте го лицемерието за себе“,напиша Подољак на Твитер.
Претходно, Кремљ објави дека Путин наредил 36 часовен прекин на огнот поради празнувањето на Бадник и Божиќ, кој би започнал утре (6 јануари) на пладне и ќе трае и на првиот ден од Божиќ односно до 7 јануари до полноќ.
Кремљ во соопштението наведе дека Путин издал таква наредба имајќи го предвид апелот на московскиот патријарх Кирил кој на такво нешто повика претходно во текот на денот.
„РПЦ не е авторитет на глобалното православие и таа делува како ’воен пропагандист‘. РПЦ повика на геноцид вр Украинците, поттикна масовни убиства и инсистираше на уште поголема милитаризација на Руската федерација. Оттука, изјавата од РПЦ за ’божиќно примирје‘ е цинична замка и уште дел од пропагандата“,наведе Подољак.