Чуварот се опил и заспал и непознати лица ги украле трите коњи и ги однеле во Кавадарци

Либертас дознава дека наводно чуварот на коњите кои биле оставени на чување во Горно Лисиче се напил и успал па непознати лица ги натовариле и ги однеле во Кавадарци каде денеска беа препознаени на ливада како пасат.

Од СВР Велес денеска потврдија за МИА дека имаат евидентирано ваква пријава во кавадаречката полиција.

Коњите се дел од Илинденската коњаница која во сабота ќе тргне до Крушево на прослата на Илинден на Мечкин камен.

 

Back to top button
Close