Цијанид во водата во Крива Паланка нема, утврди Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна середина утврди дека нема цијанид во водата на Крива река во Паланка, потврди директорката на инспекторатот, Ивана Гиновска на денешната прес конференција.

Претходно градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, тврдеше дека водата во Крива Река е сериозно загадена и спаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за било која намена.
“Прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска”

Back to top button
Close