ЦО на СДСМ го избра Александар Димитријевиќ за нов генерален секретар

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.

За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

 

 

 

 

 

„Со голема радост ја примивме веста дека нашиот другар од ОО СДСМ Гази Баба Александар Саша Димитријевиќ е избран за нов Генерален Секретар на СДСМ. Ова претставува огромна чест кон Општинската Организација Гази Баба, но истовремено и обврска како матична општинска да му бидеме ветар во грб за сите процеси кои следат во иднина и заедно да ја вратиме партијата на победничките патеки“,напишаа на Фејсбук од ОО СДСМ Гази Баба.

За потпретседатели на партијата Централниот одбор ги избра поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска и Кристина Костова – член на ЦО на СДСМ.

Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од општинската организација во Центар.

Во неделата СДСМ го одржа 30. Конгрес на кој Фани Каранфилова-Пановска беше избрана за заменик-претседателка на партијата.

На Конгресот беа избрани и нови членови на Централниот и Надзорниот одбор, а нивната селекција, како што истакна лидерот на СДСМ Венко Филипче, се одвивала во изминатите пет месеци.

Back to top button
Close