Црна Гора освои бронза на ЕХФ Еуро 2022
Ракометарките на Црна Гора вечерва ја победија Франција во Љубљана со 27:25 по продолжение, во мечот за третото место и бронзениот медал на 15. Европско првенство.
Тоа е трет медал на црногорските ракометарки на најголемите натпреварувања, прв по 2012 година кога освоија сребро на Олимписките игри во Лондон и злато на континенталниот шампионат во Белград.
Црногорките со вечерашната победа им се реваншираа олимписките шампионки за поразот (19:27) во Скопје на стартот на главната рунда на Еуро 2022.
Вечерва од 20 :30 часот во финалето се среќаваат Данска и Норвешка.