Црвен крст Велес продолжува да им дели пакети со храна на најранливите семејства

Општинската организација на Црвен крст Велес во периодот меѓу двете седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување поделила 22 пакета со прехранбени и хигиенски производи, донација од семејството Етоски кое потекнува од село Мелница, а живее во странство.

Како што информираше на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски, денеска  ќе бидат поделени уште осум вакви хуманитарни пакети на социјално ранливи семејства.

Рече дека од Центарот за социјални работи веќе е доставен списокот на социјално најзагрозените семејства и најави дека од понеделник ќе бидат поделени осумдесетте пакети со храна и средства за лична хигиена, донирани од КАМ ДОО Скопје.

Коцевски во оваа пригода искажа јавна благодарност за хуманоста и општествената одговорност на оваа компанија. 

Back to top button
Close